Оскаровецот Бен Афлек и неговиот најдобар пријател Мет Дејмон имаат голем проблем. Иако обајцата се мега популарни во целиот свет нивните сопруги не се поднесуваат, па можда и мразат, јавуваат медиумите. Извор близок на двајцата актери навел дека Џенифер Гарнер и Луциана не можат да бидат во иста просторија, но и покрај тоа нивните мажи инсистираат на дружење во парови.
Изворот навел дека двете семејства често се дружат, но и покрај тоа што Мет и Бен ги врзува долгогодишно пријателство и работен однос, нивните сопруги никогаш не се сакале. Луциана отсекогаш мислела дека Мет е понадарен од Бен и ја разлутило тоа што во последниве месеци сите се однесувале како Бен Афлек да е кралот на Холивуд.