Познатиот фудбалер Вејн Руни и неговата сопруга Колин објавиле дека во мај следната година по втор пат ќе станат родители. Колин на својот Твитер профил напишала дека таа Вејн и нивниот син Каи се пресреќни што следната година ќе добијат уште еден член на семејството.
Парот го има синот Каи, кој следниот месец ќе наполни три години. Колин со своите обожаватели на Твитер ја поделила среќната вест, бидејќи сакала тоа да го дознаат од неа, а не од таблоидите.