Бројни јавни личности, дипломати, политичари ја поддржаа иницијативата за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ која традиционално се одржува во Скопје. Меѓу нив беше и сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.
Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест. – истакна г-а Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.
Овој настан се одвива на прагот на октомври, уште еден светски месец на борба против ракот на дојка. Сите сме свесни дека овој пат, имаме навистина тешка ситуација обременета со заканата од корона вирусот што го видоизмени светот којшто практично го видоизмени целиот свет. Па, така, апелите и промовирањето на свеста за оваа болест, всушност се покомплексни и мора да бидат уште подраматични, дотолку повеќе што вирусот се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест, рече Ѓоргиевска.
Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии. – апелираше Ѓорѓевска.
Розовата панделка е симбол на борбата против оваа болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените.
На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.
Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови. Кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови.
OhridNews