Сопругата на американскиот актер Џони Деп, Амбер Хард, поднесе барање за развод порадни „непремостливите разлики“. Популарната актерка поднесе барање за развод во судот во Лос Анџелес после 15 месеци брак, како и барање за алиментација. Двајцата актери се запознаа на снимањето на филмот “The Rum Diary” во 2011 година додека Деп сеуште беше во врска со француската актерка и пејачка Ванеса Паради, со која има две деца.

 

Деп и Амбер се венчаа во февруари минатата година и немаат заеднички деца. Амбер неодамна призна дека фалсификувала документи како своит две кучиња би ги внесла во Австралија, каде Деп го снимаше најновото продолжение од филмот „Пиратите од Карибите“. Актерскиот пар подоцна сними видео порака во кој им се извинија на австралиските власти. Веста за нивниот развод прв ја пренесе сајтот за славни личности TMZ.