Сопругата на актерот Џон Траволта не може повеќе да ја поднесува неговата преголема работна ангажираност, а исто така и е доста да биде домаќинка, па размислува да поднесе барање за развод. Џон Траволта според се наскоро ќе боде разведен човек. Неговата сопруга Кели Престон размислува за развод по цели 22 години минати во брак.
Неа наводно и било доста од неговиот живот како актер, и сакала да се посвети на самата себе. Овој брак минал низ бројни скандали и трагедии. Освен што во 2009 претрпеле трагично губење на 16-годишниот син Џет, минатата година избил и секс скандал на Џон Траволта, кога еден масер го обвинил за сексуално напаствување.