Американскиот актер Арнолд Шварценегер не потпишал предбрачен договор, па со разводот заедничкиот имот кој изнесува нешто повеќе од 300 милиони долари би требало да го подели по половина со својата сопруга Марија Шајвер. Марија поднела барање за развод и бара токму половина од нивното богатство.


Според калифорнискиот закон, таа и Арнолд би требало рамноправно да го поделат целиот имот кој го стекле за време на бракот. Овој проблем останува да го разрешат нивните адвокати. Се проценува дека за 25 години брак Арнолд заработил 200, а Марија околу 100 милиони долари.