Инструкторката по јога Хилари Болдвин повторно го покажала своето знаење и еластичност, извивајќи се по нивната јахта. Хилари, која се фотографирала во неверојатно пози, веднаш се пофалила и на Инстаграм. Покрај фотографиите напишала: „Внимателна сум. Се надевам дека нема санти мраз пред нас додека сум во ова бикини“.
Хилари секојдневно ги демонстрира своите јога вештини. Така ја видовме како се истегнува и собира во потпетици, во елегантен фустан, на аеродром, во хотел, на улица, во када, кај педикир, во автомобил, додека пегла, покрај базен, на багер, а сопругот повеќе пати го искористила наместо „простирка“.