Француската национална железница запрела два воза кои се движеле со голема брзина како би и помогнала на една постара патничка која влегла во погрешен воз. Возот тргна од железничката станица „Исток“ во Париз кон градот Нанси, и во еден момент старицата, која се упатила кон местото Ремс, сватила дека влегла во погрешен воз. Кога ја сватила грешката, старицата која не била навикната да патува низ Франција, започнала да плаче. Таа му кажала на својот сопатник дека во Нанси ќе пристигне во 22 часто и 50 минути и дека нема каде да оди.
Тој, не знаејќи што да и каже, и предложил да разговара со контролорите. Контролорите проблемот му го објасниле на регулаторот на возовите кој 45 секунди подоцна го решил проблемот. Било организирано возот во кој се наоѓала старицата да се запре на станица оддалечена околу десет километри од станицата во Ремс, а друг воз, кој тргнал 15 минути подоцна, и кој се упатил кон Ремс, исто така вонредно да сопре на истата станица и да ја собере старицата. Патничката веднаш се расположила, додека нејзиниот сопатник изјавил дека никогаш не би помислил дека националната железница може да биде толку флексибилна.