Возач на виљушкар

Потребни услови:

  • Основно/средно образование 3 години
  • Просторна ориентација, трпеливост и самоконрола, како и самоиницијативност
  • Одлично ги познава правилата за безбедност и заштита при работа
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со работа со виљушкар (предност)

Одговорности:

  • внатрешен транспорт
  • магацинско средување
  • правилен утовар и растовар на производите во согласност со прописите
  • работа на висина
  • контролирање на состојбата на вилушкарите и уредите на нив
  • грижа за редот на секое складиште посебно и грижа за работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот

Напомена:

  • фирмата обезбедува стручна обука за управување во виљушкарот, безбедноста при управувањето и начинот на работа.

Нудиме:

Ве очекува стабилна работа во успешна меѓународна компанија од автомобилската индустрија каде заедно со нас ќе ја креирате иднината на глобалната (авто)мобилност.

– компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување

– покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк

– исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес

– бонуси за работна успешност

– исплата на новогодишен надоместок

– доброволно приватно здравствено осигурување

Сите заинтересирани апликациите можат да ги испратат до 15/09/2024 година на [email protected] , а во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.