Доколку поседувате потребни вештини, барате нов професионален предизвик и можност за работа во тим со визија и перспектива, “GMK TECHNOLOGY” – Охрид ги отвора вратите за следните работни места:
Машински инженер
Потребни услови:
- Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите.
- Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.
Потребни квалификации:
- Завршено високо техничко образование – Машински факултет.
- Обука за проектен менаџмент е предност.
- Најмалку 3 години работно искуство на иста или позиција со слични одговорности.
Вештини и способности:
- Високо изразени организациски способности.
- Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација.
- Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки.
- Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office
Што нудиме:
• Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност.
• Конкурентни месечни примања.
Работната позиција е во Охрид, со работно време од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса: [email protected] (со назнака за работно место Машински инженер – Проектен менаџер)
Раководител
Главни задачи и одговорности:
- Исполнување на планот за работа и поставените норми
- Следење, поддршка и учество во решавање на тековни производни проблеми
- Организација и доделување должности на вработените
- Распределба на планот за работа според побарувањата од клиентот и капацитетите за производство
- Креирање на сите видови извештаи и следења за искористеноста на производството
- Следење на нивото на ефикасност ,нивото на квалитет според барањата на клиентот и техничката документација и нивото на шкарт
- Координирање на план за производство според нарачките и најдобрата искористеност на материјалите
- Одржување на опремата и хигиената на работната опрема и работното место
- Евиденција за присутност на работа и контрола на редовноста на вработените
- Учество во донесување одлуки за бонуси и продолжување на договори базирано на одредените критериуми на компанијата
- Континуирана контрола на производниот процес
- Редовно присуство на состаноци
- Да се грижи за економичната потрошувачка на работниот материјал
Услови:
- Образование: VI-VII степен, Техничко образование
- Работно искуство: 3 години работно искуство на слично или исто работно место
- Проефсионално знаење:
- Јазик: Напредно ниво Англиски јазик
- Компјутерски вештини: Microsoft officе
Брусач и Заварувач
Работни задачи и одговорности:
- Брусачки работи и техники:
- Сечење, обликување и обработка на метални профили, цевки и други метални материјали.
- Монтажа и составување на метални конструкции според технички цртежи и зададени спецификации.
- Вршење на механички споеви со завртки, нитни и други елементи
- Завараувачки работи и техники:
- (CO₂) – заварување со жица и заштитен гас.
- Електрично (REL – обложена електрода) – рачно електродно заварување.
- Подготовка на површини пред заварување, чистење и обработка по завршување на процесот.
- Контрола на квалитетот на заварите и примена на соодветни мерни инструменти.
- Работа според технички цртежи и упатства за заварување.
- Општи задачи и одговорности:
- Работа со различни алати и машини за обработка на метали
- Соработка со други оддели за подобрување на производствениот процес
- Надгледување на работата на браварски и заварувачки алати (аголни брусилки, бушилки, апарати за заварување и сл.), тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
- Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
- Користење на заштитна опрема (маска, ракавици, работно одело, заштитни обувки и сл.).
- Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
- Други помошни работи во производната хала
- Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења
- Квалификации и компетенции (за сите кандидати):
- Минимум ССС
- Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали.
- Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата Брусач/Заварувач
- Со или без работно искуство
- Како предност ќе се смета:
- Значајно работно искуство во дејноста
- Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати ќе се смета за особена предност
- Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
- Практично искуство со користење на алати за машинска обработка и способност за читање и разбирање на технички цртежи и спецификации
- Изразени вештини за решавање на проблеми и внимание на детали ќе се смета за предност
- Лични карактеристики:
- Одговорност и посветеност на работа
- Стабилна и лојална личност
- Способност за тимска работа и самостојна работа
- Што нудиме
- Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи
- Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
- Обезбеден топол оброк
- Работа во прва смена
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
- Можност за напредување од личен и од технички аспект
За повеќе информации заинтересираните кандидати може да се обратат на тел. 070 871 001 – Јована од 07 до 15 ч. од понеделник до петок или да ни пишат на: [email protected].