АСП-ПАК е македонска фирма која постои повеќе од 20 години се занимава со производство на пакувања и мрежи.

Континуираните инвестиции во надградба на технологијата и континуирана работа на изградба на високо квалитетен кадар ни овозможи да бидеме еден од најголемите производители на пакувања и мрежи во Европа.

Со цел континуирана надградба и усовршување на својот кадар, АСП-ПАК ДООЕЛ ОХРИД објавува Оглас за вработување на:

ОПЕРАТОРИ НА МАШИНИ ЗА ПЛЕТЕЊЕ

Работни задачи и одговорности:

  • Работи на производни линии за производство на вреќи и мрежи
  • Ракува со машини согласно работната позиција и упатството заработа
  • Врши селекција на производите, сортирање, транспорт и пакување
  • Врши други работи согласно упатствата на работодавачот

Потребни квалификации

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство во областа се смета за предност

Дополнителни квалификации:

  • Способност за следење на инструкции и упатства
  • Прецизност и точност во извршување на работните задачи

Распоред на работно време:

  • Работа во три смени, распоредени во турнус (два дена прва смена, два дена втора смена, два дена трета смена и два дена слободни)

Што нудиме:

  • Стабилна работа со можност за напредок
  • Редовни примања
  • Осигурани на полно работно време
  • Годишен колективен одмор
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Обука за работното место на кое е распореден работникот
  • Приватно здравствено осигурување

Доколку сте заинтересирани да учествувате во нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија „CV” и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [email protected] назнака „Oператор во производство“.

По завршување на огласот, ќе се изврши селекција на кандидатите и кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.