АСП КОНСАЛТИНГ е сметководствено друштво со долгогодишно искуство во давaње сметководствено – финансиски услуги и услуги на корпоративно управување за своите клиенти.

Како дел од групацијата на АСП-ПАК, АСП-КОНСАЛТИНГ го сочинува тимот задолжен за сметководствено, финанисиско и корпоративно управување на АСП-ПАК која претставува водечка фирма за производство на пакувања и мрежи во Европа.

Во текот на своето работење, успеавме да развиеме портфолио на клиенти од различни големини и дејности вклучувајќи производство, трговија на големо и мало и други разновидни дејности. Како дел од нашиот тим, на нашите вработени им нудиме можност да се стекнат со искуство со најразлична проблематика од разновидни области на сметковоството и деловното работење.

Доколку имате желба да учествувате во тим кој постојано се развива и надградува, АСП-КОНСАЛТИНГ ја нуди следната можност за вработување:

Оглас за вработување

ПРАВНИК

Работни задачи и одговорности:

  • изработка на правните акти на друштвото, (одлуки, решенија, правилници и други акти)
  • анализа на законските одредби и давање правни совети во врска со нивната примена и усогласеност на деловното работење со регулативата
  • водење на човечки ресурси, склучување договори за работа, решенија за одмор, дисциплински постапки, води сметка за исполнување на условите за безбедност и здравје при работа
  • застапување на друштвото пред државните органи, изработува и обезбедува документаицја за остварување на правните интереси на друштвото пред државните и другите институции
  • води грижа за целокупната правна документација на друштвото и ја води архивата
  • ја следи наплатата и судските спорови на друштвото
  • давање правни мислења и совети
  • изработка на договори за деловна соработка и други видови договори во рамките на деловните активности на работодавачот
  • водење на архивата на друштвото

Потребни квалификации

  • завршено високо образование – дипломиран правник
  • одлично познавање на работа со MS OFFICE пакетот
  • одлично познавање на Англиски Јазик
  • возачка дозвола Б категорија

Дополнителни квалификации:

  • самостојност во извршувањето на работните задажжчи
  • ажурност, одговорност, исполнителност и брзо учење и адаптирање на спецификите во компанијата
  • спремност за работа под притисок и во рок
  • отвореност и спремност за тимска работа

Доколку сте заинтересирани да учествувате во нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија „CV” и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „Правник“.