Врз основа на Одлуката бр. 02-481/5 донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид на ден 29.11.2024г., Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид обајвува:
О Г Л А С
1. ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар и Мини Пазар на Ул Сирма Војвода бр.7.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани, како и Решение за Регистрирање на фискална опрема .
Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
2. ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба:
Текстил и текстилни производи се продаваат во посебно уредени простории
Бижутерија и галантерија, грнчарски производи, занаетчиски производи- ракотворби се продаваат во посебен сектор утврден со шема за организација и работење
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
Физичките лица за закуп во делот бижутерија и галантерија треба да достават: a) Потврда за рачен производител или б) Решение за упис во Занаетчиска Комор, и да поседува Занаетчиска дозвола
Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци, Решение за упис во Занаетчиска Комора, како и да поседува Занаетчиска дозвола и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани како и Решение за Регистрирање на фискална опрема .
Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.
Комплетната документација да се достави до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид, каде ќе биде заверена со датум,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.
Продажните места (Тезги за продажба на земјоделски производи) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.
Огласот се однесува за периодот од 01.01.2025 година до 31.12.2025 година.
Огласот за пријавување трае од 01.12.2024 – 15.12.2024 година.
Непотполни, ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид
Директор
Александар Попоски