Сообраќајна незгода утрово во 7:20 часот се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен во близина на Прентов мост на охридска страна.

Се работи за сообраќајна несреќа со учество на две патнички моторни возила, едното со битолски, другото со охридски регистарски таблици. До пред извесно време сообраќајот на овој патен потег беше во застој, сега веќе е нормализиран. Се работи за повреда на три лица кои се префрлени во болницата Св. Еразмо. Карактерот на повредите сеуште го немаме, бидејќи во тек се интервенции, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

На местото на несреќата пристигнала и екипа на Територијалната противпожарна единица.

Се работи за сообраќајна незгода каде беа повредени три лица. ТППЕ Охрид помогна во извлекување на повредените лица. Вклучени беа 5 пожарникари и едно возило, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.

Увид на место на настанот извршила полициска екипа од СВР Охрид.

Н.С.Ј.