Сообраќајна несреќа утрово се случи на патот Охрид-Подмоље во близина на болницата за дијализа „Систина“. Во несреќата учествуваа две возила Фолксваген од кои едно со струшки регистарски таблици.
Во сообраќајната несреќа во која учествуваа две моторни возила со лесни телесни повреди се здобиле две лица. Сообраќајката е предизвикана поради невнимателно однесување со моторно возило при престигнување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Екипи на СВР Охрид извршија увид на терен, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Н.С.Ј.