Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Оттаму препорачуваат да се внимава на повисоките планински превои и низ клисурите каде поради временските услови, почеста е појавата на одрони кои можат да го попречат тековното одвивање на сообраќај. Интензитетот на сообраќај е умерен на сите патни правци во државата. Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата започнува да важи од 15 ноември.

Ohridnews