Снегот што го зафати Охрид го отежа одвивањето на сообраќајот во градот и приградските населби. Речиси на сите сообраќајници во и окoлу Охрид има снег на коловозите. И на бул. „Туристичка“ снегот им создава многу проблеми на возачите. Голем дел од граѓаните ги оставија своите автомобили, а тие кои се решија да излезат со нив во градот се соочуваат со сериозни проблеми. Тие реагираат на неисчистените улици во внатрешноста и споредните патишта, а опасно е велат да се вози и по магистралниот пат Охрид-Св. Наум кој е лизгав.


опасни улици

Од „Македонија пат“ информираат дека дежурните служби непрекинато се на терен и ги чистат патиштата. И од „Комуналец“ велат дека максимално се ангажирани зимските служби. Метеоролозите најавуваат дека снежните врнежи ќе продолжат и во текот на денешниот ден, а од понеделник се најавуваат ниски дневни температури од -6 до 2 степени Целзиусови.

Ohridnews