Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет има низ цела Македонија. Поради остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
AMСМ ги потсетува возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.
OhridNews