Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, а на повисоките места, наместа со остатоци од кашест снег, информираа утрово од АМСМ. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд. Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинските превои Ѓавато и Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ ги потсетува возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

OhridNews