Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.Сообраќајот на патниот правец Виница – Пехчево е нормализиран. Од 13:00 часот нормализиран е и сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, но поради потенцијални одрони се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

OhridNews