Од Авто- мото сојузот на Македонија на возачите им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината на движење по влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, препорачуваат и низ клисурите и планинските превои, каде има честа појава на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар -Маврово – Дебар – Струга.
Сообраќајот се одвива по суви и чисти коловози
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com