Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно отежнато и забавено поради влажни и лизгави коловози, особено на повисоките планински места. Поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица.

Од Авто мото сојузот на Македонија на возачите им препорачуваат исклучително внимателно возење на влажните и замрзнати коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Особена внимателност, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар.

Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.

OhridNews