Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.

Врнежи моментално има на планинските превои Стража и Маврово каде врне мешано дожд и снег, и на Ѓавато само снег и не се задржува на коловоз. Забележана е појава на почести одрони и лизгање на земјиште на планинските превои и низ клисурите. На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност низ клисурите, каде има појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Од АМСМ ги потсетуваат возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

Ohridnews