Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани по влажни коловози поради врнежи од дожд.

Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Маврово, Попова Шапка,Буково,Ѓавото и Пресека но засега нема поголеми пречки во одвивање на сообраќајот .Одрони се бележат на патниот правец Маврово-Дебар и истите се расчистуваат од екипите на Македонија Пат.

На возачите им препорачуваме внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започна нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

ohridnews