Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално, без забрани по суви и чисти коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци кон туристичките места. Зголемен интензитет има и по автопатот Е-75 од граничниот премин Табановце, каде за влез во Македонија е зголемена фреквенцијата на возила кои се движат кон излезот на Богородица за Грција.

На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено низ клисурите каде не се исклучува можноста од појава на поситни одрони. Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат тоа да го сторат по можност во раните утрински или попладневните часови како би ги избегнале високите температури во текот на денот.

Зголемен сообраќај кон Охрид се очекува во доцните попладневни часови денеска и во утринските часови во сабота., кога се очекува Охрид да го посетат над 30 00 туристи.

Ohridnews