На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои, поради можната појава на поситни одрони.
Ова особено се однесува за патните правци: Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар – Маврово – Дебар – Струга. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања.