Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено и делумно отежнато по влажни и лизгави коловози поради врнежи од снег со променлив интензитет во целата држава.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Кичево преку Стража и Маврово-Дебар, а за патничките возила таму се препорачува употреба на зимската опрема. Другите планински превои во западниот дел од државата се проодни за сите видови на возила.

Од Авто- мото сојузот на Македонија на возачите им препорачуваат исклучително внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на влажните и лизгави коловози како и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, особено на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово-Велес, Демир Капија-Удово и Гостивар-Маврово.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

OhridNews
извор: АМСМ