Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти утрово АМСМ. На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по суви коловози. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews