Деновиве на улиците низ градот и на отворените патишта забележителна беше засилена активност на сообраќајната полиција. Се застануваат возачите кои возат без светла, без сигурносен појас, се проверуваат патните исправи. А, ако нешто фали, одма возачите се фаќаат за мобилниот барајки “помош од пријател“,  но ретко кога поминува тоа. Не беше направен исклучок ни со интервентното возило од Здравствен дом – Струга, кое исто така беше сопрено за рутинска контрола.


OhridNews