Синоќа, околу 18  часот на раскрницата помеѓу ул. „Сирма Војвода“ и „Карпош Војвода“ се случи сообраќајна незгода, во која е направена поголема материјална штета.


Според жителите од овој дел од градот, сообраќајната незгода е резултат на непрегледната сообраќајна сигнализација, за која како граѓани реагираа уште пред неколку месеци.

Сообраќајниот знак СТОП е сокриен и никој не го гледа ни од едната ни од другата страна на улицата. Тука возилата поминуваат  со многу голема брзина, не се почитува предноста на оние возила кои се приклучуваат од улицата  „Карпош Војвода“, бидејќи ретко кој го гледа овој знак. – реагираат  жиелите.

Тие бараат од надлежните служби да го префрлат знакот на соодветно место за да се спречат сообраќајните незгоди.


Поради непрегледните сообраќајни знаци…


… се повеќе вакви немили сцени на ул. „Сирма Војвода“

Ohridnews