Натпреварот помеѓу Амак СП и МЗТ Скопје  закажан за в среда е одложен поради сообраќајната незгода која ја имаа кошаркарите на Амак СП, Младен Гамбирожа и Мирослав Чубрило.

Во изјавата на Лазовски за официјалната страна на федерацијата се вели:

На враќање од Србија кај местото Владичин Хан, поради замрзнат коловоз возилото на Чубрило и Гамбирожа излетало од патот, а двајцата за среќа поминаа со помали исекотини. Малку се потресени, но ќе бидат добро. Им благодарам на комесарот за натпреварување и на МЗТ Скопје што ни излегоа во пресрет во ваквата ситуација“.

Во првиот дуел од третото коло, екипата на Овче Поле во Свети Николе го пречекува Фершпед Работнички од 19 часот, додека во среда (18 март) од 18 часот, финалистот во Купот, Свисслион Пелистер го пречекува шампионот Фени индустри.

ohridnews