Министерот за здравство, Бујар Османи денеска ќе се сретне со градоначалникот на Струга,Рамиз Мерко и со директорите на јавните здравствени установи од овој регион.
Првиот човек на ресорот за здравство ќе ја посети и полициската станица во селото Лабуништа, каде што се отвора нова амбуланта.
Со договор на министерствата за здравство и за внатрешни работи, во објектот каде што е лоцирана полицијата во Лабуништа, ќе има место и за амбуланта.
Инаку, Османи требаше вчера да пристигне во Струга, но на излезот од Скопје беше дел од сообраќајната незгода во која не е повреден. Во владиното возило, од непознати причини удрил автомобил.
Ohridnews