Во близина на Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево, вчера околу 18 часот се случи сообраќајна незгода. Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило со албански регистарски ознаки и патничко моторно возило марка “фолксваген“ со охридски регистарски ознаки.
На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на СВР Охрид и брза помош. За среќа во сообраќајката нема жртви и потешко повредени, а причинета е поголема материјална штета.