Еден сообраќаец од Кремона, во Северна Италија, го казнил својот претпоставен заради непрописно паркирање.
На овој случај ставил акцент еден градски советник кој објаснил дека казната била изречена пред полициската станица. Пред неколку дена, самиот началник на полициската станица Франко Кјари, на кого му била напишана казната, наредил да се казни секој прекршител без исклучоци, вклучувајќи и сообраќајци кои се на должност а ги оставиле своите приватни автомобили непрописно паркирани.
Ажурниот сообраќаец ја закачил казната од 38 евра на шофершајбната од автомобилот на неговиот шеф, повикувајќи го да биде пример на другите и во иднина својот автомобил да го паркира на обележани места за таква намена.
„Налогот за плаќање на казната е издаден“ – потврдил Кјари, додавајќи дека ова не е првпат да биде казнет и дека ќе го направи тоа што би го направил секој друг граѓанин, ќе ја плати казната.