Италијанските возачи од Тревизо се повеќе вчудоневидени отколку предупредени од сообраќајниот знак „Проститутки на патот“. Во црвен триаголник се наоѓа скица на жена во кратка сукња и чанта во раката.


Градските власти поставиле 30 такви знаци на улицата која е позната по најстариот занает на светот. Меѓутоа, возачите рекле дека таквите знаци ги збунуваат. Еден од локалните жители изјавил дека на улицата во една ноќ можат да се забележат по околу 40 проститутки кои ги чекаат своите клиенти.