Рускиот сообраќаен полицаец Александер Козин од Владивосток завршил на суд бидејќи фалсификувал 28 казни. Според полицискиот извештај, неговата поранешна жена Наталиа Петрова нелегално ја поминувала улицата 28 пати на истот место. Кога таа стигнала на суд дознала дека ја казнил поранешниот сопруг.
Рекла дека се развеле пред долго време и дека веќе го заборавила, но и дека очигледно тој сеуште мисли на неа. Козин се бранел дека делот од градот во кој работи е доста мирен, и дека ја казнувал само за да ја исполни својата квота. Рускиот суд го прогласил за виновен и го осудил на условна казна од три години.