Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Поради врнежите од снег и ниски температури од 17 часот на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Претходно поради врнежи од снег и ниски температури има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Попладнево забрана за сообраќај за тешки товарни возила воведена е и  на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир како и на планинскиот премин Плетвар. Забрана и на сообраќајот за тешки товарни возила воведена е и на превојот Ѓавато и Барбарос.

OhridNews