Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Забрана за тешки товарни возила има на само на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.