Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Поради појава на магла, видливоста во Тетово е намалена до 50 метри.
На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews