Сообраќајна несреќа се случила вечерва на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Арбиново. Според првичните и штури информации од увидот, во несреќата нема жртви, но има повредени. Засега не се соопштуваат други детали за несреќата и во каква здравствена состојба се учесниците.

Во правец на местото каде се случила несреќата вечерва се упатија две возила на итната медицинска помош, како и едно противпожарно возило.

Повеќе информации за сообраќајната несреќа СВР Охрид најави за утре.

OhridNews