На 26.06.2020 година во 09.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Ботун и Ново Село, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознат возач на патнички автомобил, управувајќи кон Кичево, извршил претекнување на колона автомобили и предизвикал судар помеѓу три моторни возила: товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, „Пежо партнер“ со кичевски регистарски ознаки и автомобил „Мерцедес“ со американски регистарски ознаки. Во незгодата нема повредени лица а предизвикана е материјална штета. СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот.

OhridNews