Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар, едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

На 19.01.2022 година во 20.20 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, случена е сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „голф“, управувано од 37 лице од Струга и „мерцедес“, управувано од 25 годишно лице од струшкото село Ложани, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата возачот на голфот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на несреќата, увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

OhridNews