Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што утрово се случи на патниот правец Охрид – Ресен, на планинскиот превој Буково.
Во сообраќајната незгода учествувале две товарни возила и автомобил Ауди со кавадаречки таблички. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, возачот на автомобилот се здобил со полесни повреди и е пренесен во болницата Св.Еразмо.
Увидот е во тек поради што сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
OhridNews