Две патнички возила се судрија попладнево на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан кај населбата Рача. Во незгодата нема повредени, а предизвикана е материјална штета.
Краток период сообраќајот на овој патен правец беше во застој, но брзо беше нормализиран.
На местото на настанот извршен е увид.
OhridNews