Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочан.

Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале две возила. Засега не се соопштуваaт информации за здравствената состојба на учесниците во незгодата.

Неофицијално сударот се случил помеѓу товарно возило камион и патничко возило ауди со кавадаречки регистарски таблички, а најмалку две лица се хоспитрализирани.

На местото на настанот упатени се екипи на сообраќајната полиција и итната медицинска помош, а сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато и со застои.

OhridNews