Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во П.Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово.

Утрово најстудено е на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.

До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Тетово и Дебар, 4 во Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор и Прилеп, 5 во Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Виница, 6 во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и Штип, како и 7 степени во Струмица.

Како што информираат од УХМР висината на снежната покривка во Маврови Анови е 53 сантиметри, на Попова Шапка 49, во Крушево 16, а во Лазарополе четири сантиметри.

OhridNews