Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, посочуваат.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
OhridNews