Сообраќајна несреќа нешто по 14 часот се случи на „Туристичка“ пред кружниот тек кај пазарот помеѓу велосипедист и патничко моторно возило.
Во несреќата со лесни телесни повреди се здобило повозрасно лице кое го управувал велосипедот по сообраќајната лента на „Туристичка“. Причинета е незначителна материјална штета, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на терен вршат екипи на СВР Охрид.
Н.С.Ј.