Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци), информираат од АМСМ.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот, велат.
Посочуваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
OhridNews