На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно лице од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка, 36 годишна, од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР.

OhridNews